Репрезентацијата на Данска доминантно ја освои титулата светски шампион на Мундијалот што се одржуваше изминатите две седмици.
Момците на Николај Јакобсен беа супериорни во финалниот двобој со Норвешка и немаше дилеми уште од стартот кој ќе слави.
По финалето се славеше во Хернинг, а вечерва илјадници ракометни фанови ги пречекаа ракометарите на плоштадот во данската престолнина – Копенхаген.
Каква беше атмосферата, погледнете во видео прилогот….


