Тунискиот репрезентативец Ваел Жалуз и официјално стана играч на францускиот второлигаш Шарт. Двократниот освојувач на турнирот во Струга обезбеди засилување во битката за француската елита, но со оглед на формата, тешко е за верување дека ќе има голема помош од левиот бек.
Ваел Жалуз откако го напушти Кил во 2014 година по само една сезона и се пресели во Барселона стана еден од главните играчи. Имаше забележителни партии, особено против Вардар, и договорот му беше продолжен до 2021 година.
Но одеднаш во Барселона престанаа да сметаат на него, а како главни причини се повредите и хроничната инфекција на окото. Беше испратен на позајмица во Берлин за да ја поправи формата, но и таму настапуваше безуспешно, згора на се заработи повреда на Мундијалот во Германија.
Според договорот, Жалуз ќе остане во Шарт до 2020 година, а потоа веројатно ќе се врати во Барселона да го доработи договорот или ќе биде испратен на нова позајмица.



