Талески и Миркуловски во албум со самолепливи сликички (ФОТО)

За популарноста на ракометот во Германија не треба многу да се зборува. Доказ за тоа се полните сали на сите натпревари во Бундес лигата, а тоа се случува и на дуелите во пониските конкуренции.

Во моментов во Германија е актуелно Светското првенство, a организаторите тоа го видоа како одлична можност да го промовираат албумот со самолепливи сликички.

Во него ги има машката и женската репрезентација на Германија, како и сите клубови, логоа, ракометари и маскоти.

Филип Талески и Филип Миркуловски исто така се дел од овој албум….