Степанчиќ ја отпиша Македонија: Најидеално сценарио е да пренесеме четири бода во втора фаза

Машката репрезентација ја очекува шестиот настап на Светско првенство. Избраниците на Раул Гонзалес се најдоа во тешката група Б и ќе играат против Хрватска, Шпанија, Исланд, Јапонија и Бахреин. Десниот бек на ПСЖ и хрватската репрезентација, Лука Степанчиќ, се чини дека однапред ја отпиша Македонија и ги вкалкулира бодовите од дуелот со нашите момци.

„Она што можеме да го ветиме е борба за секоја топка и за секој гол. Составот сигурно ќе биде променет и ќе имаме можност да покажеме една нова Хрватска. Секој ќе мора да се подреди на националниот тим, да го одработи својот дел од улогата. Мотивот мора а ни биде заедничка цел и резултат. Имаме тежок распоред, но во најидеалното сценарио ќе се бориме со Шпанија за да пренесеме четири бодови во втората фаза. Таму не чекаат Франција и Германија. Но, во моментов сме посветени само на Исланд, бидејќи тие ни се првиот ривал“, вели Степанчиќ.

Тој имаше пофални зборови за македонскиот селектор Раул Гонзалес со кој соработува во францускиот ПСЖ.

„Имавме доста успешна сезона со ПСЖ и ги освоивме сите трофеи во Франција, но мојата минутажа беше мала. Сепак во новата сезона со новиот тренер ги дочекав моите минути во Париз, почнав да уживам во ракометот и можам да кажам дека научив многу од тренерот Раул“, заврши Степанчниќ.

Десниот бек на лето ја менува средината и дресот на францускиот ПСЖ ќе го замени со оној на унгарскиот шампион ПИК Сегед.