Репрезентацијата која во последните години се соочува со проблеми бидејќи редовно има некој што е незадоволен, се најде во тешка група. Сепак, не смее да се заборави дека ова е селекција која може да се надигрува со секого. Оттаму Србија може да победи секого, но може и од секого да загуби.
Србија не беше дел од последните два шампионати. Ги пропушти првенствата во 2015 и во 2017 година, но успеа со привремениот селектор Љубомир Обрадовиќ (селектор на женската репрезентација на Србија). Тој ја врати Србија на Мундијалите, откако успеа да ја елиминира Португалија, која претходно ја остави Полска без настап во квалификациите.
Во своите редови Србија има неколку искусни ракометари, но и неколку помлади кои секако можат да донесат интересна игра на шампионатот.
Одлична полусезона на клупски план имаше голманот Владимир Цупара. Тој донесе многу бодови за Келце и потпиша за Веспрем после добрите игри, а тука е и Петар Ненадиќ, кој и понатаму важи за еден од најдобрите во светот.

По примерот на селекциите на Шведска и Чешка, Србија на овој шампионат ќе биде предводена од двајца тренери на селекторската позиција. Поранешните ѕвезди, а сега стратези, Ненад Перуничиќ и Недељко Јовановиќ ќе ја имаат одговорната функција.
ПЛАСМАНИ НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА
1997 (9. место); 1999 (3. место); 2003 (8. место); 2005 (5. место); 2009 (8. место); 2011 (10. место); 2013 (10. место).
ПЛАСМАНИ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ
2000 (4. место); 2012 (9. место).
ПЛАСМАНИ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРВЕНСТВА
1996 (3. место); 1998 (5. место); 2002 (10. место); 2004 (8. место); 2006 (9. место); 2010 (13. место); 2012 (2. место); 2014 (13. место); 2016 (15. место); 2018 (12. Место)
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019
* Србија беше подобра од селекцијата на Португалија во баражот. Патникот беше решен уште после првиот меч кој беше добиен со 28:21 во Ниш. Реваншот во Португалија заврши со нерешени 25:25.

СЕЛЕКТОР: Ненад Перуничиќ/Недељко Јовановиќ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
11 ЈАНУАРИ (18:00ч)
СРБИЈА – Русија
12 ЈАНУАРИ (20:30ч)
Франција – СРБИЈА
14 ЈАНУАРИ (15:30ч)
СРБИЈА – Бразил
15 ЈАНУАРИ (18:00ч)
Кореја – СРБИЈА
17 ЈАНУАРИ (15:30ч)
Бразил – СРБИЈА


