Еден од домаќините на Мундијалот е Германија, селекција која во 2016 година под водство на Дагур Сигурдсон (актуелниот селектор на Јапонија) успеа да се искачи на тронот на Европското првенство.
Втората од двете досегашни титули на Светските првенства беше освоена пред 12 години, кога Германија исто така беше домаќин на Мундијал. Тогаш со легендарниот Хајнер Бранд како селектор стигна то златниот медал, па сега сите се надеваат дека ќе го повторат успехот.
Германија пред две години доби нов селектор во Кристијан Прокоп, од кого се очекува многу и се верува дека може да биде селектор што ќе донесе нови титули, но јасно е дека нема да биде воопшто лесно.
Иако на последните две големи натпреварувања, Германија финишираше дури на 9. место, сепак, сега се верува дека нешто изменетиот состав ќе може да се снајде и да донесе посакуван резултат. Најголемиот дел од играчите беа и на Европското првенство во 2016 година кога беше освоен златниот медал, но Прокоп има и нови играчи кои би требало да донесат квалитет плус во трката не само за трофеј на Мундијалот туку и за место на Олимписките игри во 2020 година.
ПЛАСМАНИ НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА
1938 (Титула); 1954 (2. место); 1958 (3. место); 1961 (4. место); 1964 (4. место); 1967 (6. место); 1970 (5. место); 1974 (9. место); 1978 (Титула); 1982 (7. место); 1986 (7. место); 1993 (6. место); 1995 (4. место); 1999 (5. место); 2001 (8. место); 2003 (2. место); 2005 (9. место); 2007 (2. место); 2009 (5. место); 2011 (11. место); 2013 (5. место); 2015 (7. место); 2017 (9. место).
ПЛАСМАНИ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ
1936 (Титула); 1972 (6. место); 1976 (4. место); 1984 (2. место); 1992 (10. место); 1996 (7. место); 2000 (5. место); 2004 (2. место); 2008 (9. место); 2016 (3. место).
ПЛАСМАНИ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРВЕНСТВА
1994 (9. место); 1996 (8. место); 1998 (3. место); 2000 (9. место); 2002 (2. место); 2004 (Титула); 2006 (5. место); 2008 (4. место); 2010 (10. место); 2012 (7. место); 2016 (Титула); 2018 (9. место).
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019
* Како еден од домаќините составот на Германија директно се пласираше на Мундијалот.

СЕЛЕКТОР: Кристијан Прокоп
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
10 ЈАНУАРИ (18:15ч)
Кореја – ГЕРМАНИЈА
12 ЈАНУАРИ (18:15ч)
ГЕРМАНИЈА – Бразил
14 ЈАНУАРИ (18:00ч)
Русија – ГЕРМАНИЈА
15 ЈАНУАРИ (20:30ч)
ГЕРМАНИЈА – Франција
17 ЈАНУАРИ (18:00ч)
ГЕРМАНИЈА – Србија


