Не е никаква тајна дека репрезентацијата на Франција е меѓу фаворитите за трофејот и на овој шампионат. Иако Динар се соочуваше со проблеми бидејќи во најголем дел од подготовките го немаше на располагање Никола Карабатиќ, сепак, има играчи кои можат да го заменат доколку тој не може да помогне.
Се работи за репрезентација која е рекордер според бројот на титулите освоени во последните 24 години. Од 1995 година досега, Франција има освоено шест титули. Особена доминација имаат после титулата во 2006 година на Европското првенство. Оттогаш Французите стигнаа до четити титули на Мундијалите, три на Европските шампионати и две на Олимписките игри.
Во 2010 година, Франција дојде и до несекојдневен момент при што во исто време ги поседуваа трите најголеми титули на репрезентативно ниво. Франција во исто време беше Европски, Светски и Олимписки првак.
Франција ќе ја брани титулата на овој Мундијал откако во 2017 година на домашен терен дојде до титулата и тоа со максимален ефект од девет победи на девет натпревари. За овој шампионат Французите немаа потреба да играат квалификации, а во однос на претходниот Мундијал репрезентацијата има големи промени.

Селекторот Дидие Динар ги вклучи во системот помладите, па може да смета сериозно на Фабрегас, Мем, Турно… Откако минатиот јануари завршија на 3. место на Европското првенство во Хрватска сега ќе бараат шанса за нов златен трофеј.
ПЛАСМАНИ НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА
1954 (6. место); 1961 (8. место); 1970 (12. место); 1990 (9. место); 1993 (2. место); 1995 (Титула); 1997 (3. место); 1999 (6. место); 2001 (Титула); 2003 (3. место); 2005 (3. место); 2007 (4. место); 2009 (Титула); 2011 (Титула); 2013 (6. место); 2015 (Титула); 2017 (Титула).
ПЛАСМАНИ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ
1992 (3. место); 1996 (4. место); 2000 (6. место); 2004 (5. место); 2008 (Титула); 2012 (Титула); 2016 (2. место).
ПЛАСМАНИ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРВЕНСТВА
1994 (6. место); 1996 (7. место); 1998 (7. место); 2000 (4. место); 2002 (6. место); 2004 (6. место); 2006 (Титула); 2008 (3. место); 2010 (Титула); 2012 (11. место); 2014 (Титула); 2016 (5. место); 2018 (3. место).
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019
* Како шампиони од последниот Мундијал си обезбедија директен пласман на овој шампионат во Германија и во Данска.

СЕЛЕКТОР: Дидие Динар
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ (ГРУПА А)
11 ЈАНУАРИ (20:30ч)
Бразил – ФРАНЦИЈА
12 ЈАНУАРИ (20:30ч)
ФРАНЦИЈА – Србија
14 ЈАНУАРИ (20:30ч)
ФРАНЦИЈА – Кореја
15 ЈАНУАРИ (20:30ч)
Германија – ФРАНЦИЈА
17 ЈАНУАРИ (20:30ч)
ФРАНЦИЈА – Русија


