РУСИЈА ги има „вардарци“ за висок дострел на СП

За репрезентацијата на Русија знаат да кажат дека тоа е тим во кој доминираат ракометарите и членовите на стручниот штаб кои се дел од екипата на Вардар. На селекторската позиција е Едуард Кокшаров, негов помошник е Дејан Периќ, а во составот се Дибиров, Шишкарев, Калараш и Кисељев.

Тоа е одличен показател дека Вардар ќе има голем број на ракометари кои ќе настапат на овој шампионат.

Се работи за селекција која е наследник на поранешниот СССР, но своите први настапи како Русија ги бележи на првото Европско првенство во 1994 година. Русите дебитираа со сребрен медал, а имаат освоено титули на сите натпреварувања. Шампиони на Европа беа во 1996 година, на светот година подоцна, а Олимписките игри ги освоија во Сиднеј во 2000 година.

Интересно за Русите е тоа што од 2004 година имаат пад во однос на резулатите или пласманите во полуфинале на големите натпреварувања. После бронзениот медал на Европското првенство во Хрватска не успеаја да дојдат до ниту едно полуфинале на ниту еден од шампионатите. Покрај тоа ги немаше и на дел од првенствата, па затоа враќањето на Мундијалите им е одличен резултат.

Кокшаров, кој е спортски директор на Вардар направи одлична работа во Русија, па ќе се види на терен како ќе се одвиваат настаните и дали ќе успее со своите ракометари да дојде до втората рунда каде може да има судир со репрезентацијата на Македонија и со актуелниот и поранешниот тренер на Вардар, Парондо и Раул.

ПЛАСМАНИ НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА

1995 (5. место); 1997 (Титула); 1999 (2. место); 2001 (6. место); 2003 (5. место); 2005 (8. место); 2007 (6. место); 2009 (16. место); 2013 (7. место); 2015 (19. место).

ПЛАСМАНИ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ

1996 (5. место); 2000 (Титула); 2004 (3. место); 2008 (6. место).

ПЛАСМАНИ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРВЕНСТВА

1994 (2. место); 1996 (Титула); 1998 (4. место); 2000 (2. место); 2002 (5. место); 2004 (5. место); 2006 (6. место); 2008 (13. место); 2010 (12. место); 2012 (15. место); 2014 (11. место); 2016 (9. место).

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019

* Во баражот за Мундијалот селекцијата на Русија беше подобра од Чешка. На првиот меч одигран во Чешка, Русија загуби со 26:27, а потоа на домашен терен со 29:21 го обезбеди местото на Светското првенство.

СЕЛЕКТОР: Едуард Кокшаров

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

11 ЈАНУАРИ (18:00ч)

Србија – РУСИЈА

12 ЈАНУАРИ (15:30ч)

РУСИЈА – Кореја

14 ЈАНУАРИ (18:00ч)

РУСИЈА – Германија

15 ЈАНУАРИ (15:30ч)

РУСИЈА – Бразил

17 ЈАНУАРИ (20:30ч)

Франција – РУСИЈА