На иницијатива на ИХФ со поддршка од Меѓународниот олимписки комитет, Кореја на Светското првенство во Германија и во Данска настапува под едно знаме. Јужна Кореја и Демократска Народна Република Кореја ќе настапат заедно исто како на последните Олимписки игри одржани во 2018 година.
Натпреварите ќе ги играат под ново знаме кое ја симболизира обединета Кореја, а со оглед на тоа што Јужна Кореја е таа која има поголема ракометна традиција ќе има и повеќе ракометари во составот. Најавено е дека ќе има најмалку четворица репрезетативци од Демократска Народна Република Кореја
Поради тоа што се работи за специфична ситуација одновно поврзување на две земји кои не стојат премногу добро политички, од ИХФ им дозволија ростерот за СП да биде од 20 ракометари. Сепак, од Кореја не се очекува премногу на овој шампионат бидејќи е во тешка група и тешко ќе може против европските селекции.
Историјата на ракометот во Јужна Кореја, сепак, е долга. Оваа селекција во 1988 година беше домаќин на Олимписките игри во 1988 година кога стана првата селекција која не е од Европа што играла во финале на една Олимпијада.

До 2012 година, Кореја беше селекцијата која доминираше во Азија. Успеваше редовно да дојде до титулите и пласман на големите натпреварувања, а немаше вистинска конкуренција. Во тој период имаше супер ѕвезда во Кјунг Шин Јун, кој и понатаму е најдобар стрелец во Бундес лигата. Сега е дел од стручниот штаб, па може да го пренесе своето искуство.
Кореја се враќа на големите натпреварувања со оглед на тоа што не беше дел од последните два Мундијали.
ПЛАСМАНИ НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА
1986 (12. место); 1990 (12. место); 1993 (15. место); 1995 (12. место); 1997 (8. место); 1999 (14. место); 2001 (12. место); 2007 (15. место); 2009 (12. место); 2011 (13. место); 2013 (21. место).
ПЛАСМАНИ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ
1984 (11. место); 1988 (2. место); 1992 (6. место); 2000 (9. место); 2004 (8. место); 2008 (8. место); 2012 (11. место).
ПЛАСМАНИ НА АЗИСКИОТ ШАМПИОНАТ
1979 (2. место); 1983 (Титула); 1987 (Титула); 1989 (Титула); 1991 (Титула); 1993 (Титула); 1995 (2. место); 2000 (Титула); 2002 (4. место); 2006 (2. место); 2008 (Титула); 2010 (Титула); 2012 (Титула); 2014 (5. место); 2016 (6. место); 2018 (3. место).
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019
* На првенството си обезбеди пласман со освојувањето на 3. место на последниот Азиски шампионат.
СЕЛЕКТОР: Јунг Шин Чо
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
10 ЈАНУАРИ (20:30ч)
КОРЕЈА – Германија
12 ЈАНУАРИ (15:30ч)
Русија – КОРЕЈА
14 ЈАНУАРИ (20:30ч)
Франција – КОРЕЈА
15 ЈАНУАРИ (18:00ч)
КОРЕЈА – Србија
17 ЈАНУАРИ (15:30ч)
Бразил – КОРЕЈА


