Ракометарите на Исланд забележа и втора победа над Бахреин во пријателски натпревар пред стартот на Мундијалот во Германија и Данска. По победата со 36-24, избраниците на Гудмундур Гудмундсон победија уште еднаш 36-19 и покажаа дека и нападот и одбраната им се одлични пред СП.
На овој втор дуел Исланд беше комплетен и ги имаше играчите од Бундес лигата, шведскиот и норвешкиот шампионат. Левото крило на Рајн Некар Левен, Гудјон Валур Сигурдсон, го предводеше нападот и беше стрелец на осум погодоци, додека седум постигна Сигвалди Бјорн Гудјонсон, додека голманите Густафсон и Едвардсон забележаа вкупно 13 одбрани.
Во репрезентацијата на Бахреин четири гола постигна десното крило, Мохамед Хабиб, а по три погодоци реализираа бековите Али Мерза и Комал Махфуд. Македонија против овој азиски преттавник ќе игра на 13 јануари, додека со Исланд избраницте на Раул Гонзалес ќе се сретнат на последнот ден од групната фаза, 17 јануари.


