Двата противници на машката репрезентација на претстојниот Мундијал во Германија и Данска, Исланд и Бахреин, и покрај тоа што се во иста група, играат и пријателски натпревари, а на првиот од двата без мака славеа „рибарите“.
Иако Гудмундур Гумундсон беше без играчите што настапуваат во Бундес лигата, норвешкиот и шведскиот шампионат, но и покрај тоа Исланд победи со 36-24, иако на полувремето имаше само два гола позитива, 16-14.
Сепак во вториот дел лесно беа казнувани грешките на ривалот кој се обидуваше да парира со „седум на шест“, но не му одеше. Најдобри стрелци кај Исланд беа Рикардсон со осум и Сигурмансон со седум голови.
Овие две селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар в недела, а тогаш се очекува исландската репрезентација да биде комлетна.


