Раул со три анализи во еден ден

Денеска стартуваат контролните средби за репрезентациите кои се во групата Б на Светското првенство во Германија и во Данска, а тоа е практично групата каде што се наоѓа и селекцијата на Македонија.

Распоредот за контролни средби е таков што уште денеска на дело ќе бидат видени три противници. Малку чудно, но Исланд ќе спарингува со Бахреин, а и двете репрезентации се противници на Македонија на Мундијалот. Овие две селекции покрај денешниот дуел ќе имаат пресметка и в недела кога ќе имаат втор меч.

Што се однесува до Јапонија која е прв ривал на Македонија на Светското првенство, овој состав ќе одигра дуел против Полска, а средбата е закажана за 17:30 часот. На тој начин, Раул ќе има можност за три анализи во еден ден и убаво време за добра подготовка на ракометарите.

Шпанија и Хрватска своите први контроли ќе ги имаат во новата година, а ќе имаат по два меча во рамки на подготовките за шампионатот.

КОНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ

ПЕТОК, 28.12.2018

17:30ч

ПОЛСКА – ЈАПОНИЈА

21:30ч

ИСЛАНД – БАХРЕИН

НЕДЕЛА, 30.12.2018

18:00ч

ИСЛАНД – БАХРЕИН

ЧЕТВРТОК, 03.01.2019

20:00ч

ШПАНИЈА – САУДИСКА АРАБИЈА

ПЕТОК, 04.01.2019

20:00ч

МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА

20:00ч

ШПАНИЈА – ПОЛСКА

20:00ч

ХРВАТСКА – ЦРНА ГОРА

САБОТА, 05.01.2019

15:00ч

МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА

20:00ч

ХРВАТСКА – ИТАЛИЈА