Кај Србите не може без скандали: Дарко Ѓукиќ нема да игра на СП

Иако се мислеше дека скандалите во српската репрезентација, изговорите од типот играм – не играм, се надминати, сепак се чини дека не може да мине ниту едно големо натпреварување, а во националниот тим да нема некој проблем или скандал.

Така беше во некое подалечно минато, така беше и лани на ЕП 2018 во Хрватска, а така веројатно ќе биде и сега на СП 2019. Откако Ненад Перуничиќ се откажа од услугите на Петар Ѓорѓиќ, без некое особено образложение, и втор ракометар од Мешков Брест нема да игра на Мундијалот.

Станува збор за поранешниот играч на Металург, Дарко Ѓукиќ, кој не се појави на подготовките со националниот тим во Стара Пазова.

„Негова е одлуката да не дојде и тука ќе ја завршам оваа приказна. Тој пријави повреда на лакотот која бара мирување од неколку недели, а веднаш после тоа играше натпревар за Мешков“, вели селекторот Перуничиќ.

Според српските медиуми, Ѓукиќ избегнува настап на Мундијалот, па селекторот Ненад Перуничиќ, ќе остане со Богдан Радивојевиќ од Рајн Некар Левен како прва опција на десната крилна позиција.