Потези кои го одземаат здивот: Раул има големи мајстори во тимот на ПСЖ (ВИДЕО)

Во редовите на ПСЖ има голем број на квалитетни ракометари кои се вешти со топката, а тоа го потврдуваат на секој нов натпревар. Секој од играчите располага со огромен број на потези со кои може во секој момент да го изненади голманот на противникот, а тоа се виде и на еден од последните натпревари.

Ракометарите коишто бијат со лева рака покажаа дека можат да си поигруваат со голманите на противникот, па Раул може да биде задоволен од формата на најголемиот дел од играчите и секако тоа е за пофалба.

Инаку, ПСЖ одигра добро во досегашниот дел од сезоната, а овие потези кои можете да ги видите во видеото во продолжение ги имаше во изобилство. Лигата на Франција станува сè посилна и сè повеќе го привлекува вниманието. Оттаму и квалитетните натпревари и потези стануваат сè побројни.

View this post on Instagram

 

A post shared by handballforeverr (@handballforeverr) on