Јапонците со тројца интернационалци против Македонија во Минхен

Еден од противниците на Македонија на Светското првенство во Германија и во Данска, селекцијата на Јапонија на Мундијалот ќе допатува со тројца ракометари кои настапуваат надвор од островот. Селекторот Дагур Сигурдсон во составот вклучи еден ракометар кој игра во првенството на Исланд, еден во шампионатот на Унгарија, како и еден кој настапува во Франција.

Десниот бек Шиносуке Токуда настапува во редовите на Дабас, додека Риуто Инаге кој е десно крила игра во Валур на Исланд. Левото крило Ремианри Дои игра за екипата на Шарт.

Ова се двајцата ракометари коишто имаат меѓународно искуство, додека другите играчи се дел од првенството на Јапонија. Инаку, имаат тројца корпулетни пивоти кои се високи над 192 сантиметри и тешки повеќе од 100 килограми. Другите се под 190 сантиметри, па ова е просечна селекција кога е во прашање висината.

Јапонија е првиот противник на Македонија, а овој дуел ќе биде одигран на 11 јануари со почеток во 15:30 часот.