Машката репрезентација го имаше првиот собир, а по него и првиот тренинг за старт на подготовките за Светското првенство кое на 10 јануари почнува во Данска и во Германија. Македонија е во групата Б заедно со актуелниот Европски првак Шпанија, како и селекциите на Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин.
На денешниот собир го немаше селекторот Раул Гонзалес кој утре се приклучува на работата на националниот тим, а најголемиот дел од ракометарите се пристигнати и се ставија на располагање на стручниот штаб и денеска ќе го одработат првиот тренинг. Исто така во текот на утрешниот ден се очекува да се приклучи и помошникот на Раул, Роберто Парондо.
Меѓу оние кои го пропуштија собирот и првиот тренинг се Борко Ристовски, Филип Талески и Филип Лазаров…но сите се очекува да пристигнат во текот на оваа седмица. Талески ќе биде последен кој ќе се приклучи бидејќи тој в четврток има натпревар со тимот на Рајн Некар во Бундес лигата. Македонија ќе одигра и две пријателски средби против Србија на 4 и 5 јануари.
[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”none” animation_effect=”bounce” album_title=”false” album_id=”385″]


