Од -5 во Македонија на +30 во Бразил: Рожерио Мораеш ужива дома (ФОТО)

Бразилскиот интернационалец во Вардар, Рожерио Мораеш, пред еден месец имаше успешна операција на коленото. Подолго време пивотменот имаше проблеми со менискусот, а покрај тоа имаше интервенција и на рскавицата.

Тој успешно го минува периодот на рехабилитација, но и покрај тоа нема да настапи за Бразил на Мундијалот во Германија и Данска, но би требало да биде целосно подготвен за пролетниот дел од сезоната и клупските настапи со Вардар.

Мораеш паузата ја искористи да „скокне“ до родниот Бразил. Иако за тоа некогаш му требаат четири, некогаш пет лета, сепак тоа вреди за уживањето што ќе го има на сонце во маички со кратки ракави.

Ладните температури, јакните и капите во Скопје, ги замени со сонце и плажа во Абаететуба…