Лазаров: Ако треба, може да играм и среден бек

Македонската репрезентација го имаше првиот собир пред стартот на подготовките за настапот на Мундијалот во Германија и Данска, без селекторот Раул Гонзалес и неговиот помошник Роберто Парондо, а ќе доцнат Филип Талески, Филип Лазаров и Борко Ристовски.

Капитенот Кире Лазаров смета дека мораме да одиме чекор по чекор, и најважно е да бидеме подготвени максимално за големи борби.

„Знаеме сите не очекува СП во Германија и Данска. Се наоѓаме во тешка група, со репрезентации како Шпанија, Хрватска и Исланд, како и две непознаници за нас како Јапонија и Бахреин, но и тие можат да изненадат бидејќи се незгодни. Ние сме на еден нов почеток, со една нова, подмладена репрезентација. Прерано е да се даваат некои заклучоци, ниту песимистички ниту оптимистички, треба прво да се комплетираме, да почнеме со тренинзи. Искуството може ми кажува дека ако сакаме да одработиме добро едно големо натпреварување, кое ќе биде многу тешко, со многу тешки натпревари во две недели. Покрај тактичката подготвеност, мораме да бидеме и физички подготвени, бидејќи ќе не чекаат осум тешки натпревари во 12 дена. Не смееме да се опуштаме со некои ветувања, некој оптимизам. Ќе пробаме да го одработиме добро овој период, за да можеме да го демонстрираме најквалитетното од нас. Како и секогаш сакам да бидат оптимист пред секое големо натпреварување. Како нас што не изненади Грција, зошто и ние да не изненадиме некого. Но стоиме цврсто на земја и не се залетуваме“, вели Лазаров.

Голем ќе биде бројот на млади играчи во составот, а Лазаров вели дека мора што побрзо да влезат во системот на игра.

„Треба да одиме натпревар по натпревар, тоа е клише, но така е. По тоа што ни се случи со Грција, мислам дека треба само да мислиме на Јапонија. Ако тргнете добро, самодовербата доаѓа. Имаме квалитетен стручен штаб, квалитетни луѓе со големо искуство, знаат како се победува, па макар и со послаба екипа, цврсто ги поддржуваме. Јас како капитен ќе се обидам, да ги поддржам и младите, да ги уважам, да им дадам позитивна енергија. Секој може да има лош ден, ќе има и победи и порази, но треба да влезат во тој систем и ритам на натпревари и да знаат да се носат со притисок и со победи и со порази“, продолжи Лазаров.

Голем проблем ќе биде отсуство на долгогоишниот среден бек на националниот тим Филип Миркуловски, но кој го нема и без него се може.

„Јас можам да му се понудам на Раул како среден бек, одреден дел од сезоната играв на таа позиција, ги имаме Серафимов и Јагуриновски на десната страна. Нема да бидеме први, Монпелје игра со двајца леваци. Зошто да не бидеме разновидни и незгодни за секој протвник“, заврши Лазаров.

Македонија пред стартот на СП ќе одигра две контролни средби против Србија, а на Мундијалот ќе биде во група со Бахреин