Селекторот на Хрватска, Лино Червар доби нов член на стручниот штаб на стартот на подготовките за Светското првенство во Германија. Се работи за новиот тренер на голманите што значи дека се очекува кревање на формата на играчите од кои се очекува да донесат квалитет плус во одбраната.
Во тимот на Червар се најде поранешниот репрезентативец, Марио Келентриќ. Тој ја доби одговорната задача да ги подготвува голманите што значи дека ќе има доста работа во следниот период.
„Се работи за тренер кој има големо искуство во работата со голманите бидејќи веќе неколку години работи со голманите во ППД Загреб. На списокот во моментов имаме четири голмани и сите ќе работат со Марио. Сепак, на Мундијалот ќе има место само за двајца од нив“, вели Червар, кој најавува и нови моменти и во играта на Хрватска со оглед на тоа што се соочува со проблеми бидејќи му недостигаат неколку ракометари кои настапуваат на позицијата лев бек.


