Еден од домаќините на СП задоволен: Во Берлин продадени 93 проценти од влезниците

Натпреварите кои ќе се играат во Германија во прелиминарната фаза ќе бидат одиграни пред полни трибини.

Најновата информација која доаѓа од еден од организаторите на Светското првенство вели дека за натпреварите кои ќе се играат во Берлин веќе се продадени 93 проценти од билетите, а со оглед на тоа што има уште доволно време пред првиот меч јасно е дека ќе нема слободно место.

Ова е одлична бројка за продадени влезници за групата каде што игра Германија, а голем е процентот и во другиот град.

Во Минхен каде што Македонија ќе игра заедно со селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија досега се продадени 70 проценти од влезниците, а се очекува овој процент да се зголеми како ќе наближува стартот на шампионатот.