Лазаров добива нов соиграч од Данска

Сирил Думолан добива поддршка во голманот на Скјерн, Емил Нилсен, а тој би требало да му се приклучи на составот на Нант на крајот од оваа сезона.

Оваа вест е веќе потврдена и голманот на Скјерн би требало да потпише договор со важност до 2022 година. Се споменува сума од 120.000 евра, но таа може да се најде само во данските медиуми.

Нилсен е голман кој има 21 година, но во него во Нант препознаа потенцијал и голман на кој ќе може да сметаат во следниот период така што би имале стабилна двојка на голот со што секако ќе имаат можност и за уште подобри резултати.

Ова значи дека Кире Лазаров веќе има нов колега во најава за следната сезона, а можно е тимот да биде подновен и со нов пивот, па останува да се чека потврда и на тие вести.