Еден од противниците на Македонија во групната фаза на Светското првенство во Германија и во Данска, репрезентацијата на Хрватска ќе има две контроли против две различни репрезентации на турнир кој ќе се одржи од 3. до 5. јануари.
Во Пореч селекцијата на Хрватска ќе одигра контроли против Италија и Црна Гора. Тоа ќе бидат две контроли и главна проверка пред заминување за Минхен каде што Хрватите ќе бидат противници на Македонија.
Хрватите стартуваат со Исланд, а селекторот Лино Червар во моментов се соочува со проблеми бидејќи на листата на повредени се Мамиќ и Павловиќ и тие не се подготвени за да настапат на шампионатот. Тоа значи дека Червар ќе мора да најде друг ракометар кој ќе игра како лев бек така што на овие две средби ќе се знае каква ќе биде играта на Хрватска на шампионатот.


