Познат составот на Исланд: Гудмундсон го скрати списокот на 20 ракометари пред Мундијалот

Селекторот на Исланд, Гудмундур Гудмундсон, го скрати поширокиот список од 28 на 20 ракометари, од кои пак ќе се бараат 16 кои ќе патуваат на Мундијалот во Германија и Данска.

Единствено од очекуваните играчи го нема ракометарот на бундеслигашот Фуксе Берлин, Бјарки Мар Елисон, но и тоа не е големо изненадување со оглед на жестоката конкуренција на лево крило.

Гудмундсон на таа позиција ќе располага со играчите на Рајн Некар Левен и ПИК Сегед, Гудјон Валур Сигурдсон и Стефан Сигурмансон.

Исланд е противник на Македонија на Мундијалот во Германија и Данска, а според многумина познавачи на ракометната игра, токму меѓу овие две селекции ќе се бара последниот патник во главната рунда, покрај Хрватска и Шпанија.