Почна загревањето за Мундијалот: ИХФ потсети на еден од најубавите голови на Лазаров (ВИДЕО)

За помалку од еден месец во Германија и Данска стартува Светското првенство на кое ќе настапи и нашата репрезентација.

Како најава за Мундијалот, Светската ракометна федерацијата на социјалните мрежи ги сподели најдобрите десетина голови од претходното СП.

На светскиот собир кој пред две години се одржа во Франција, најдобриот погодок беше дел на нашиот капитен Кире Лазаров.

Македонија на СП ќе игра во групата Б во Минхен и ќе се соочи со селекциите на Јапонија, Бахреин, Хрватска, Исланд и Шпанија.

Погледнете го прекрасниот гол на Лазаров пред две години во Франција…