Македонија го доби ривалот: Словенија стои на патот на ракометарките до Мундијалот!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доби ривалот во баражот за пласман на Светското првенство во 2019 година. Противник на нашите девојки ќе биде Словенија, која беше дел од последното ЕП во Франција.

Избраничките на Симе Симовски имаа лесен пат до бараж дуелите за Мундијалот во Јапонија, откако на квалификацискиот турнир што се одржа во Скопје ги совладаа убедливо селекциите на Исланд, Турција и Азербејџан.

Првиот бараж дуел ќе се одигра во периодот од 31 мај до 2 јуни, додека реванш средбата ќе биде во периодот од 4 до 6 јуни следната година.

Бараж двојки:

Хрватска – Германија
Данска – Швајцарија
Шведска – Словачка
Белорусија – Норвешка
Србија – Полска
Чешка – Црна Гора
Македонија – Словенија
Автрија – Унгарија
Шпанија – Исланд