Женската репрезентација на Македонија со трите победи над Азербејџан, Исланд и Турција успеа да се пласира во баражот за Мундијалот следната година во Јапонија. Избраничките на Симе Симовски одиграа одлично на сите три средби од турнирот и во ниту еден момент не им дозволија на противниците да помисли на нешто повеќе.
Но, сега доаѓа потешкото. Противник на нашите девојки, ќе биде некоја селекција што во моментов игра на Европското првенство во Франција. На Мундијалот во Јапонија следната година ќе играат 13 европски репрезентации, а еден веќе е познат. Тоа е светскиот првак од 2017, Франција. На СП ќе играат и трите најдобри пласирани селекции од актуелниот континентален собир.
Покрај нашата репрезентација од квалификациите се пласираа Словачка, Белорусија и Швајцарија како првопласирани во групите, како и Исланд како најдобра второпласирана и плус Австрија од претходно која имаше обезбедено место во баражот. Лесен противник нема да има со сигурност, а ждрепката за противникот кој ќе застане на патот кон Мундијалот во Јапонија ќе биде одражана на 16 декември.
Прв шешир:
Данска
Шведска
Црна Гора
Унгарија
Србија
Германија
Шпанија
Норвешка
Словенија
Втор шешир:
Македонија
Словачка
Исланд
Белорусија
Швајцарија
Австрија
Полска
Чешка
Хрватска


