Еден од домаќините на Светското првенство во јануари следната година, Германија, односно нејзиниот селектор Кристијан Прокоп, го објави поширокиот список од 28 ракометари кои ќе конкурираат за настап на Мундијалот.
Нема големи изненадувања и Прокоп го избра она најдоброто со кое располага Германија. Бундес составот ќе игра во групата А во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин, а доколку ја помине првата фаза ќе се пресели во Келн.
Доколку и Македонија успее во намерите да биде најмалку третопласирана во групата Б што ќе се игра во „Олимпија Хале“ во Минхен, ќе се пресели во Келн за натпреварите од главната рунда, а тогаш ќе се соочи со домаќинот.



