Франција: Шамбери поразен, Нант повторно на врвот

Дербито на колото во најсилната лига на Франција се одигра помеѓу Шамбери и Монпелје. Победа однесе европскиот шампион со 29:22, со што му го нанесе и првиот пораз на Шамбери сезонава.

Иако годинава Шамбери се покажа како надмоќен со сите противници, сепак на патот им застана европскиот првак. Натпреварот започна полесно за Шамбери. Домаќинот успеа од првиот дел да обезбеди предност со еден гол (14:13).

И иако се чинеше дека неизвесноста ќе потрае до самиот крај тоа воопшто не беше така. Монпелје кон средината на вториот дел се разигра и направи една солидна предност по што си обезбеди убедлив триумф.

Сега на табелата Нант се искачи на првата позиција со 20 поени, додека Шамбери и втор со 19. ПСЖ има 19, но и натпревар помалку од останатите и се очекува една мртва трка за титулата до самиот крај.