Екипата на Нант продолжува со одличните игри во најсилната лига на Франција, а силниот ритам фатен од стартот на сезоната беше продолжен и на гостувањето на Ст. Рафаел. Нант победи со 29:24 во рамки на 11. коло и на тој начин само остана во трка со Шамбери и ПСЖ.
На оваа средба капитен на репрезентацијата на Македонија немаше реализација. Имаше два упатени удари кон голот на Ст. Рафаел, но тоа нема да биде проблем да не продолжи на високо ниво веќе на следната средба од Лигата на шампионите против Целје в недела.
Ова беше лесен дуел за европскиот вице првак кој уште на полувремето имаше предност од три гола и водеше со 14:11.
И во продолжението Нант не препушти ништо на случајот и успеа мирно да го добие дуелот. Давид Балагер погоди седумпати во победата на Нант, а на спротивната страна најпрецизен беше Даниел Сармиенто со пет гола.


