Лазаров со победа го прослави новиот договор

Тимот на Нант го продолжи својот поход во најсилната лига на Франција и славеше против, Тулуз со 31:27. Капитенот на репрезентацијата на Македоија, Кирил Лазаров реализираше двапати од шест обиди, а еден од нив падна во одлучувачките моменти од дуелот.

Натпреварот почна како што се очекуваше. Нант од стартот успеа да ја наметне својата игра против Тулуз и на полувреме замина со четири гола предност (15:11).

Во вториот дел, Нант искусно ја држеше својата предност која на моменти отиде и до плус седум. Сепак, Тулуз некаде при крајот успеа да се врати на минус два и го вклучи алармот кај Тиери Анти, кој повика тајм аут и не дозволи изненадување на овој дуел.

Валеро Ривера беше прв стрелец со десет погодоци, додека на спротивната страна, Немања Илиќ со седум голови беше најефикасен за тимот на Тулуз.