Европскиот вицешампион Нант денес објави дека ја продолжи соработката со македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров. Клубот на официјалната веб страница информираше дека постигнат и потпишан е договорот со важност до 2021 година.
Десниот бек на Нант и најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите веќе втора сезона игра во Франција. Со Нант го освои Трофејот на шампионите (Суперкупот на Франција), играше во Лигата на шампионите за првпат во историјата на клубот и стигна до финалето, каде минимално загуби од Монпелје.
Лазаров одлично се имплементира во системот на Тјери Анти, минатата сезона тимот заврши на третото место во францускиот шампионат, а сезонава рамноправно се бори со останатите гиганти во домашниот шампионат и Лигата на шампионите.


