Ончев и Вернуј се пласираа во 1/16 финалето на францускиот Куп

Тимот на Вернуј, каде што настапува младиот македонски интернационалец Тоше Ончев, обезбеди пласман меѓу најдобрите 32 екипи во Купот на Франција.

Вернуј во 1/32 финалето славеше на гостински терен над Сери со 33-38, а уште на полувремето гостинскиот тим водеше со 16-18.

Ончев ја продолжи одличната форма од старот на сезоната и беше најдобар стрелец во победничкиот тим со осум погодоци.

Следниот противник на Вернуј во Купот на Франција ќе биде дополнително познат.