Един Башиќ ја заврши кариерата

Некогашниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Един Башиќ на 39 годишна возраст реши да ја заврши кариерата. Сјајниот среден бек на Шарт, ја започна кариерата во Криваја, потоа играше за Железничар, Замет Ријека, швајцарските Ендинген, ТВ Сур и Амичитија Цирих.

Во Франција се пресели во 2009 година, во Шамбери, со кој три пати беше вицепрвак. Три години – 2011, 2012 и 2013 беше прогласуван за најдобар среден бек, а за осум сезони во француската елита постигна 779 голови.

Последната сезона по заминувањето од Шамбери ја мина во Шарт, со кој играше и на турнирот во Струга. За националниот на Босна играше на 60 натпревари.