ПСЖ со нов договор за Лук Абало

Шампионот на Франција не се откажува од своите најдобри ракометари, па веќе им ги продолжува договорите за да може да ги има уште неколку години. Последниот од играчите кој доби продолќување е Лук Абало, кој доби година плус на актуелниот договор.

Со новиот договор Абало ќе остане во екипата до летото во 2020 година. Тој сега има 34 години, па може да се очекува за две години да си замине од ПСЖ со оглед на тоа што веќе надоаѓаат нови ракометари кои поседуваат квалитет.

„Мислам дека имаме уште заеднички моменти со клубот и испишување на нови убави страници. Во ПСЖ сум од 2012 година и имам само позитивни коментари за мојот претстој во Париз. Мојата авантура во овој клуб уште не е завршена“, коментираше Абало.

Инаку, тој е второто д есно крило во ПСЖ кое ја продолжува верноста кон екипата. Пред него Беноа Конко го продолжи договорот со ПСЖ до 2022 година.