Натпреварите од Лига купотна Франција минаа според очекувањата, а тимовите кои важеа за фаворити истата улога ја оправдаа на теренот и одат понатаму со нови победи.
Второпласираниот тим од најсилната лига на Франција, Шамбери, успеа да го сруши Лимож, кој е второлигаш, откако имаше водство во текот на целиот дуел. Од самиот почеток фаворитот на овој натпревар покажа дека е далеку посилен и мирно до крајот ја контролираше предноста и славеше со 28:26. Фахрудин Мелиќ беше најефикасен со 8 погодоци, додека кај Лимож, Ингарс Дуде и Сирил Демонси погодија по петпати.
Во прволигашка пресметка, учесникот на годинешнио Струшки турнир, Тулуз го победи Рен со убедливи 31:21. И покрај тоа што немаат ни една победа после седум кола во лигата, ракометарите на Тулуз лесно го добија Рен, но одлучувачки беше одличниот втор дел. Откако водеа 10:9, на полувреме во последните дваесет минути играчите на Тулуз како да влегоа со поголема брзина и експресно го збришаа противникот.
РЕЗУЛТАТИ
Ст. Рафаел – Маси 33:24 (20:11).
Тулуз – Рен 31:21 (10:9).
Лимож – Шамбери 26:28 (12:16).
ПСЖ – Данкерк 34:23 (20:12)
Ним – Нант 30:37 (17:18).
Иври – Ница 37:35 (23:17).
Понто Комбо – Трембле 31:30 (15:8).


