Кире одличен, Нант помеѓу осумте најдобри во Лига Купот на Франција

Кирил Лазаров и Нант во натпревар од осминафиналето на Лига Купот на Франција успеаја да го совладаат Ним со 30:37. Капитенот на македонската репрезентација на оваа средба придонесе со шест погодоци и две асистенции со што беше втор стрелец во својот тим.

Натпреварот започна доста израмнето и во таков тек одеше во целиот прв дел кој Нант го доби со 17:18. Вториот дел беше пресуден за победата, а токму во вториот дел Лазаров погоди четири пати и беше еден од најклучните за високата победа.

Покрај шесте голови на Лазаров, кај Нант шест пати погоди и Николас Клер, а најпрецизен беше Давид Балагер. Кај Ним, Кентан Депуи беше најпрецизен со шест голови.

Лазаров и Нант ќе ги продолжат борбите во четвртфиналето на Лига Купот, додека Ним после паузата го очекува битка за продолжување на добрите игри во шампионатот каде имаат пет победи во седум одиграни средби.