Екипата на Железничар утре во 18 часот треба да го одигра реванш натпреварот од ЕХФ купот против Керjенг од Луксембург. На патот кон Луксембург попатна станица е Франкфурт каде требаше да има префрлање во друг авион.
Сепак, чекајќи го авионот во Франкфурт се случи една необична и малку комична ситуација за момците на Вујо откако на пренесувањето на тимот од еден авион во друг настанал проблем. Сега поголем дел од тимот е „заглавен“ на аеродромот во Франкфурт и се бара начин како да стигнат навреме на местото на одигрување на средбата.
Железничар има предност од 30:27 од првиот натпревар, а ова не е резултат кој дава можност за опуштање. Мора да се влезе сериозно во средбата, но мора и навреме да се одмори за натреварот.

Во тимот на Керјенг игра и поранешниот репрезентативец на Македонија, Владимир Темелков, кој беше меѓу подобрите на првиот натпревар одигран во Ниш минатиот викенд.
ФОТО: Фејсбук


