Екипите на Целје, Констанца и Тулуз синоќа ги добија пехарите за пласманот на првите три места на 46. издание на Струшкиот турнир, а како се славеше на теренот може да се заклучи дека задоволството е огромно и дека тие беа максимално сериозни во своите амбиции да си заминат со трофеј од ова гостување.
На средбите во минатите пет дена овие три екипи покажаа најмногу па затоа и се радуваа многу на пехарите за она што беше сработено на теренот. Се играше одлично, а финалето беше максимално израмнето.
После средбата од финалето секако најзадоволни беа во тимот на Целје бидејќи ракометарите на овој тим дојдоа до трофејот и ја напуштаат Струга како победници.
Каква беше атмосферата после натпреварите на отвореното игралиште на „Женска плажа“ можете да погледнете и низ фотографиите во продолжение.


вечување на моментот на првата титула во Струга






