Екипата на Целје го освои 46. Струшки турнир откако покажа најмногу во минатите пет денови. Шампионот на Словенија дојде во Струга со цел да ја темпира формата за домашното првенство и за Лигата на шампионите, но успеа да си замине со трофејот.
После финалето во кое имаше големо надигрување, тренерот на Целје не криеше дека е презадоволен од направеното бидејќи успеа да стигне до трофејот на многу силен турнир.
„Мене ми е драго поради коментарите од другите дека играме убав ракомет. Нашата цел е таква. Ние сакаме да играме добар, брз и убав ракомет и сакам да ги веселиме луѓето кои не гледаат. Драго ми е што бевме тука во Струга и што успеавме да одиграме добри натпревари на вака силен турнир. Дојдовме со цел да се уигруваме, но ни се укажа шанса и ја искористивме“, изјави Тамше за 24 Ракомет после финалето.
Комплетната изјава на Тамше можете да ја проследите во видеото во продолжение.


