Пивотот во репрезентацијата на Македонија го искористи крајот на сезоната за крунисување на својата љубов со поранешна ракометарка. Никола Маркоски „рипна во тавче“ и се ожени со Ане Миленкоска.
Маркоски е македонски репрезентативец веќе една деценија, а последната сезона ја мина во рецовите на Орошази од Унгарија. Најавено е дека се враќа во Македонија и би требало да го облече дресот на Е. Работник.
Ане Миленкоска, пак, е поранешна ракометарка која играше на крилните позиции, па ова е уште едно крунисување на ракометна љубов.



