Натпреварот меѓу Романија и Македонија, кој се игра во салата „Хорија Демијан“ во Клуж денеска ќе го даде патникот на Светското првенство во Данска и во Германија. За разлика од вчера кога условите во салата беа премногу лоши и едвај се дишеше денеска е далеку подобро.
Очигледно коментарите на делегатот на денешниот технички состанок дека ќе нема ракомет ако салата биде премногу топла и не биде пуштена вентилацијата дадоа резултат, па може да се забележи дека на оваа средба ќе ја има потребната температура.
Климата во салата работи и засега условите се нормални, но останува да се види како ќе биде во текот на натпреварот и колку публика ќе има на средбата.


