Раководството на Веспрем незадолно од игрите и резултатите остварени досега особено од последниот меч во Данска реши да ги казни играчите и тренерот со намалување на платите, а таквата одлука наиде на критики од најверните навивачи кои најавуваат дека ќе им дадат финансиска и морална поддршка на своите миленици.
Ова значи дека Дејан Манасков и колегите нема да го добијат предвиденото во договорите туку ќе мораат да играат за помала плата од онаа што им е предвидена, а на ваков начин раководството сака да им стави до знаење дека мора да бидат далеку посериозни.
За фановите на овој клуб ваквата одлука е неприфатлива бидеќи според нив така се унишува угледот на клубот кој се етаблираше како еден од најдобрите во последните две децении и претставува гордост на унгарскиот ракомет. Ова е еден вид доказ како треба да се подржува својот омилен клуб и кога работите не функционираат како што треба.
Ваквата одлука на првите луѓе на Веспрем доаѓа по убедливиот пораз од Скјерн во рамки на осминафиналето од Лигата на шампиони, меч кој унгарците го загубија со 32-25 и ги чека исклучително тешка задача во реванш дуелот да ја анулираат предноста на Данците.


