Ракометарите на француски Данкерк во фан шопот кој се наоѓа во склоп на нивната Арена приредија пријатно изненадување за своите фанови.
Дел од момците на Патрик Казал, стандардното сликање и делење автограми го збогатија со нешто што предизвика најголема радост кај децата. Тие се решија да подготват палачинки за сите присутни, па на тој начин му дадоа една слатка нота на настанот кој несомнено беше полн погодок.
Низ фотографиите во продолжение погледнете ја атмосферата во фан-шопот на Данкерк.






