По примерот на ракометарките на Вардар и двајца од ракометарите успеаја да стигнат до титулата на едно големо натпреварување и тоа во период од нешто повеќе од еден месец.
Во декември минатата година, Амандин Лејно и Александра Лакрабер се радуваа на трофеј на Светското првенство кое се одржа во Германија.
Сега нив им се придружија Арпад Штербик и Жоан Канељас, па Вардар одново може да се пофали дека има два нови шампиони во своите редови.


