Само Сагосен и Штрлек го обелија образот на „величествените“ (ВИДЕО)

Слично како и на минатото Европско првенство и оваа година ЕХФ им овозможи на фановите да гласаат за нивните омилени ракометари. Во изборот за поединечните награди на овој шампионат имаше и двајца македонски репрезентативци, но на крајот одлуката на публиката и експертскиот панел падна на екипи кои завршија меѓу првите пет позиции на турнирот.

Домаќините како мала утеха за „неуспехот“ кој го направија на овој шампионат може да најдат во „седумте величествени“ а таму второ првенство во низа е Мануел Штрлек. Дополнително ЕХФ за најдобар дефанзивец го прогласи Јаков Гојун, па Хрватите ќе имаат шанса да им аплаудираат на своите кога ќе започне свечената церемонија за прогласување на победникот.

Уште еден ракометар повторно е дел од најдобрата седморка. Се работи за норвежанецот Сандер Сагосен, кој имаше одлично првенство во Полска, но тука во Хрватска се промовираше како нов лидер на неговата селекција.

Место меѓу најдобрите поединци имаше за Винсент Жерард, Алекс Душебаев, Микел Хансен, Нилсен, Феран Соле и Јеспер Нилсен. За најкорисен ракометар на турнирот е прогласен Џим Готфридсон, кој не се најде меѓу најдобрите поединци на овој турнир.