Душебаев: Се надевам дека трофејот ќе заврши во нашите раце

За трофејот на Европското првенство ќе се борат Шпанија и Шведска, а дел од актерите на теренот, ќе биде и поранешниот вардарец, сега ракометар на Киелце, Алекс Душебаев. Тој вели дека има лоши спомени од дуелите со Шведска во младинските конуренции.

„Последното сеќавање на натпревар со Шведска не е многу добро. Ние го загубивме финалето на Светското младинско првенство, но се надевам дека сега трофејот ќе заврши во нашите раце.“ – вели Душабев.

Тој го издвојува Џим Готфридсон како најопасен ракометар во противничката селекција.

„Готфридсон е одличен разигрувач, во нашата генерација беше играч што ветува, но имаше многу проблеми со повреди. Сепак и покрај тоа израсна во лидер на сениорската репрезентација и мораме да го запреме ако сакаме да победиме.“ – заврши Душебаев.

Финалето меѓу Шпанија и Шведска се игра вечерва со почеток во 20:30 часот.