Досегашните допинг тестови направени после натпреварите на Европското првенство се со негативни резултати. Според информациите коишто беа презентирани за време на прес-конференцијата на челниците на ЕХФ резултатите се негативни.
После секој меч на првенството се правени тестови кај ракометарите, а резултатите коишто беа добиени се одлични бидејќи кај ниту еден ракометар не е пронајдена забранета супстанција. Ова секако наидува на одобрување кај сите во ракометот.
Немаше информации кои се играчите коишто биле на тестови после средбите, но без разлика на тоа што имињата не им се објавени јасно е дека сите се чисти и дека никој не употребува нешто што е на листата на забранети супстанции.


