Како изгледаат медалите за најдобрите: Трофејот го чека својот сопственик (ФОТО)

Селекциите на Шпанија и на Шведска утре во 20:30 часот играат натпревар во битката за златниот медал на Европското првенство во Хрватска, а само една од овие селекции ќе успее да го добие трофејот.

Денеска на прес-конференцијата можеа да се видат и пехарот и медалите за најдобрите, а утре сите ќе ги добијат сопствениците.

Само една од четирите репрезентации кои утре ќе играат во последните два меча на Европското првенство нема да може да се израдува на медал, а тоа ќе биде поразената селекција од дуелот меѓу Франција и Данска.