И бебето на Камила Херем „играше“ на Мундијалот во Германија

Поранешната ракометарка на Вардар, а сегашна на норвешкиот тим Сола, Камила Херем е бремена и извесен период ќе паузира од ракометните терени. Таа ја објави оваа вест за медиумите неколку дена, откако со Норвешка го освоија сребрениот медал на Мундијалот во Гермнија.

„Додека играв на СП, иако бев бремена, не можев да размислувам за тоа. Сега може да земам пауза и мислам само на бебето.“ – вели Херем за норвешките медиуми.

Нејзин сопруг е Стефан Стегавик, ракометарот кој беше во комбинација за засилување на Пролет, Металург и Вардар, но ниту еден од тие трансфери не се реализира, па заедно со Херем си заминаа минатата сезона од Скопје.

Херем би можела да го следи примерот на нејзината колешка Хајди Локе, по само неколку недели од породувањето ќе се врати на терените.

„Би сакал да се вратам веднаш и да заиграм на ЕП во Франција следната година.“ – изјави Херем.