Репрезентациите кои останаа во финишот на Светското првенство немаат многу време за одмор бидејќи веќе денеска ќе треба да ги одмерат силите на нови средби коишто ќе донесат уште поинтересен ракомет од досега.
Денеска Мундијалот ќе заврши за уште две селекции бидејќи следуваат четврт-финалните пресметки во кои ќе се гледаат два интересни натпревари.
Првиот дуел ќе биде скандинавско дерби во кое ќе се соочат Данска и Шведска. Нема предност за никого и тука дефинитивно нијанси ќе дадат шанса за некоја од селекцијата да дојде до место во полуфиналето.
Вториот дуел е практично дерби на Вардар бидејќи од една страна се Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац, додека на другата се Амандин Лејно и Александра Лакрабер. Црна Гора против Франција ќе бара уште еден добар резултат во елиминациите и се очекува ова да биде израмнет дуел, кој ќе го одлучуваат нијанси.
Во секој случај денешниот ден на СП ќе биде интересен, а двата меча кои се играат во Лајпциг дефинитивно ќе бидат со голема натпреварувачка тензија и сигурно ќе донесат многу возбудувања на теренот.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
ВТОРНИК, 12 ДЕКЕМВРИ
ДАНСКА – ШВЕДСКА 17:30ч
ЦРНА ГОРА – ФРАНЦИЈА 20:45ч
СРЕДА, 13 ДЕКЕМВРИ
ЧЕШКА – ХОЛАНДИЈА 17:30ч
НОРВЕШКА – РУСИЈА 20:30ч


